|
|
Во рамките на иницијативата за презентација на Институтите на ФЕИТ, која започна од јануари оваа година, во среда, 17.03.2010 година, во 12.00 часот во салата за состаноци на ФЕИТ ќе се одржи презентација на Институтот за Електрични мерења и материјали, со следнава програма:
11:45-12:00 Пречек на гостите
12:00-13:00 Презентација на Институтот
13:00-14:00 Презентации во Лабораторијата за електрични мерења и дружење |
| повеќе |
|
TOP
| Врз основа на член 50 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Факултетот за електротехника и информациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во согласност со чл. 2 став 2 од Законот за изменување и дополнување на законот за заштита од пушењето („Службен весник на РМ“ бр. 103/2008), Деканот на ФЕИТ издаде наредба за забрана на пушење во сите објекти и простории на Факултетот ... |
повеќе
|
TOP
| Министерството за образование и наука распишa Конкурс за доделување стипендии за студии од втор циклус во земјата за академската 2009/2010 година. Рокот за пријавување на кандидатите за користење на стипендиите е 30 дена од денот на објавувањето на конкурсот, а истиот е објавен на 15. февруари 2010.
Сите подетални информации за бројот на стипендиите, условите и потребната документација можат да се најдат на страната на Министерството за образование и наука на РМ. |
повеќе
|
TOP
| Во рамките на иницијативата за презентација на Институтите на ФЕИТ, која започна од јануари оваа година, во среда, 17.02.2010 година, во 12.00 часот во салата за состаноци на ФЕИТ ќе се одржи презентација на Институтот за Електроника, по следнава програма:
12:00-12:15 Пречек на гостите
12:15-13:00 Излагање
13:00-14:00 Презентации и дискусија во просториите на Институтот
|
повеќе
|
TOP
| Врз основа на Спогодбата склучена помеѓу Владата на Република Македонија и Европската Организација за нуклеарни истражувања CERN, Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување на три стипендии финансирани од CERN за студенти од трета и четврта година на студии по физика, електротехника и информациски технологии за летната школа на CERN, која ќе се одржува во текот на јули/август 2010 година и една стипендија за постдипломци или асистенти од овие подрачја, во треаење од 6 месеци, финансирана од CERN и UNESCO.
Конкурсот можете да го најдете на страната на Министерството за образование и наука. |
повеќе
|
TOP
| Деканатската управа на ФЕИТ донесе одлука за распишување на конкурс за избор на еден демонстратор на Институтот за елктротермија, електрично заварување и електричен сообраќај.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршен Факултет за електротехника и информациски технологии
- Да дипломирале со просечна оцена најмалку 8,5
- Да познаваат најмалку еден светски јазик
- Да имаат способност за комуникации со студенти
Огласот трае 8 дена од објавувањето на веб-страницата на ФЕИТ и интерната огласна табла на Факултетот. |
повеќе
|
останати |
TOP
| Во петок, 19.03.2010, во салата за конференции на ФЕИТ, со почеток во 12:00 часот во рамките на активностите на Одделот за SP/EMB при Македонската секција на IEEE, д-р Никола Стиков, истражувач на Невролошкиот институт (Montreal Neurological Institute) при универзитетот McGill во Монтреал, Канада, ќе одржи предавање на тема: “Квантитативна магнетна резонанса: клуч за моделирање на микроструктурата на ткивата”. |
повеќе
|
TOP
| На 10 март 2010 година во работна посета на ФЕИТ престојуваа претставникот на Министерството за наука, образование и спорт на Република Хрватска, г. Зоран Палди - директор на Управата за информатика и технологии, претставниците на Хрватската академска и истражувачка мрежа – CARNet, г. Звонимир Станиќ - директор на CARNet и г. Горан Шкварч - водител на деловните комуникации на CARNet, претставникот на Факултетот за електротехника и информатика од Универзитетот во Загреб, проф. д-р Марио Ковач, и претставникот на Амбасадата на Република Хрватска, д-р Стјепан Глас.
Делегацијата ја примија Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски, Продеканот за наука и меѓународна соработка, проф. д-р Александар Ристески, Продеканот за финансии, проф. д-р Влатко Стоилков, проф. д-р Борислав Поповски и проф. д-р Аристотел Тентов. Гостите од Хрватска одржаа куса презентација на Факултетот за електротехника и информатика (ФЕР) во Загреб, на нивната академска мрежа CARNet, и зборуваа за подршката на науката во Хрватска од страна на Владата, преку Министерството за наука, образование и спорт на Република Хрватска. На средбата стана збор за понатамошна соработка помеѓу ФЕИТ и овие институции и беше договорена возвратна посета во блиска иднина... |
повеќе
|
TOP
| Во четврток, 18.03.2010 година, во 12.00 часот во Салата за состаноци на ФЕИТ и МФС, претставникот на Националната и универзитетска библиотека „ Св. Климент Охридски“ во Скопје, г. Миодраг Дадасовиќ, магистер по библиотекарство, ќе одржи презентација на новите програми во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, на Македонските електронски библиотеки - МЕБ, како и за пристапот и пребарувањето на е-списанија и е-книги преку сервисите EBSCO, CUP и SAGE. |
повеќе
|
TOP
| На 10.02 2010 со прикладна свеченост се одбележа отварањето на нов простор за истражувачка лабораторија во рамките на Центарот за безжични и мобилни комуникации. Деканот на ФЕИТ ја пушти во употреба новата лабораторија, изградена со поддршка од ФЕИТ и тековните проекти.
Новата лабораторија ќе се користи за потребите на научно истражувачката група WiN Group (Wireless Networks Group), која под раководство на проф. д-р. Лилјана Гавриловска функционира неколку години во рамки на Центарот за безжични и мобилни комуникации при Институтот за Телекомуникации. WiN Group-ата работи на актуелни области од безжичните телекомуникации и е активно вклучена во повеќе меѓународни и домашни проекти... |
повеќе
|
TOP
| Вo организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет, утре, 10.02.2010 година (среда), во 12 часот во Амфитеатарот на ФЕИТ и МФС, д-р Никола Стиков ќе одржи предавање со наслов „Магнетна резонанса: од мултидисциплинарни корени до плодни интердисциплинарни гранки“.
Апстракт:
Магнетната резонанса (МР) е предмет на 70 годишни истражувања во областа на физиката, хемијата, инженерството и медицината. Во поново време, покрај тоа што стана клучен дијагностички метод во медицината, таа ширум ги отвори вратите и за научни истражувања во други природни и општествени науки, како геологија, земјоделство, психологија и економија. Во предавањето ќе биде направен осврт врз основните принципи на МР и какви алатки тие нудат за идентификација на структурите и процесите во природата. Интердисциплинарноста на МР ќе биде илустрирана со резултатите од соработката меѓу електротехничкиот и факултетот за психологија на универзитетот Станфорд во САД. Обединувајќи инженеринг, моделирање, хистологија и невроанатомија, ќе биде презентиран нов метод за визуелизација на миелинот во мозочните патишта на човекот. Овој пример треба да послужи како почетна точка за дискусија околу потенцијалот на МР во промоција на биоинженерингот во Македонија. |
повеќе
|
останати |
|
|